Твитер планира да воведе опција да се менуваат објавените твитови

Твитер потврди дека работи на копчето „едит“ што ќе им овозможи на корисниците да ги менуваат своите твитови откако ќе се објават. Ова следува откако новиот член на управниот одбор на компанијата, Илон Маск, побара од корисниците да се изјаснат преку анкета дали ја сакаат оваа опција. Многу корисници на Твитер одамна сакаат да се воведе копче со кое ќе се менуваат твитовите, а од Твитер потврдија дека идејата ќе почне да се тестира во наредните месеци.

„Тоа е најбараната опција на Твитер со години“, изјави потпретседателот на компанијата Џеј Саливен.

Основачот на Твитер, Џек Дорси, во 2018 кажа дека фирмата веројатно никогаш нема да ја воведе оваа опција поради грижите околу транспарентноста.

Според најавите, корисниците ќе можат да исправат грешки во својот твит, без да ги изгубат одговорите, лајковите и ретвитовите што веќе ги добиле.

Scroll to Top