„Твитер“ воведува „едит“ копче за промена на твитови

Можноста за промена на твитови, конечно достапна на Твитер, најавија од компанијата.

„Доколку забележите променет твит, тоа е бидејќи го тестираме копчето за уредување (edit). Ова веќе се случува и ќе бидете ок“, твитнаа од компанијата.

Моментално опцијата не е достапна, но се очекува во следните неколку недели да се применува, но прво за претплатниците на сервисот „Твитер Блу“, кој се наплаќа по 4,99 доалри месечно. Твитовите ќе можат да бидат менувани неколку пати во првите триесет минути по објавувањето.

Променетите твитови ќе се појавуваат со известување, време на промената и линк до историјата на менувањето на твитот. Од компанијата велат дека ова е со цел да се заштити интегритетот на конверзацијата и да се создадат јавно достапни записници од тоа што е кажано, соопштија од Твитер.

Scroll to Top