„Вацап“ подготвува нови опции, кои ќе ја подобрат безбедноста на корисниците

„Вацап“ е сериозен во намерата да ја засили безбедноста на својата платформа и да ја подобри приватноста на корисниците. Последната опција на која работат треба да осигури дека корисниците се најавени на нивната сметка.

Одобрување за најавување е безбедносна карактеристика која ќе испраќа известувања до корисниците доколку открие обид за најавување од непознат уред, односно уред што корисникот претходно не го овластил. „Инстаграм“ и „Фејсбук“ веќе имаат слична опција, како и некои други платформи или социјални мрежи. Така, корисниците може да ги видат во известувањето времето и уредот од кој се обидел некој да пристапи до нивната сметка и да одобри или одбие пристап до соодветната сметка. Но, тоа не е единствената безбедносна карактеристика на која работи „Вацап“. Неодамна, WABetaInfo откри дека се развива двоен код за верификација, односно еден вид автентикација во два чекора, која би побарала од корисникот идентификација на два начина.

Така, ако некој се обиде да ја внесе сметката користејќи, на пример, PIN, но користи непознат уред, системот ќе бара од него да ја потврди безбедносната шифра што ќе биде испратена до оригиналниот уред. Слично како во моментот како кога кодот се испраќа на мобилен телефон по внесувањето лозинка при пристап до е-поштата или до „Фејсбук“.

Scroll to Top