(Видео) Австријците направија електричен хиперавтомобил помоќен од „невера“ на Мате Римац

На саемот на автомобили во Њујорк беше промовиран автомобилот Deus Vayanne за кој се вели дека е помоќен хиперавтомобил од „невера“ на Мате Римац. Овој автомобил го произведе Deus Automobiles, австриска компанија која е основана 2020 година.

Автомобилот е со егзотичен изглед, а го опишуваат како совршена комбинација на симетрија и бесконечност. Се очекува тој да постави нови стандарди во автомобилската индустрија бидејќи има максимална моќност од над 2.230 КС.

Vayanne достигнува 100 км/час за 1,99 секунда, а максималната брзина е 400 км/час.

Цената за сега е непозната, но планирано е да се изработат 99 примероци. Првите испораки ќе почнат во 2025 година.

Scroll to Top