(Видео) Една од најубавите актерки ја виде својата AI верзија, нејзината реакција е вирална

Популарната актерка Сидни Свини неодамна се појави на настанот Galaxy Unpacked на Samsung во Париз каде ја претставија нејзината верзија со вештачка интелигенција.

Свини, која се прослави со улогата во серијата на HBO, Euphoria и важи за една од најубавите актерки на новата генерација, виде слика генерирана од вештачка интелигенција врз основа на нејзината фотографија, а реакцијата на актерката станала вирална.

Кога ја прашале што мисли за нејзината верзија со вештачка интелигенција, Свини непријатно одговорила: „Ох, ми се допаѓа. Неверојатно е што може да направи ваква слика“.

Видеото набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и за еден ден собра дури 7,1 милиони прегледи и бројни коментари.

Scroll to Top