(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на подкастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).

Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како Грок, до која луѓето можат да пристапат преку Икс.

Роган се пошегува дека Грок има „валкан режим на разговор од 18+“ и „непресметлив“ режим, нарекувајќи го „многу чуден“. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс роботи, предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган, додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.

„Наскоро вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, Роган го прашал, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.

Scroll to Top