(Видео) Кинескиот ровер е подготвен за зимата на Марс

Кинескиот робот „Журонг“ кој во моментов се наоѓа на Марс, е подговена да ја помине зимата на Црвената планета. Во моментов таа се наоѓа на подрачје каде е зима и каде температурите од – 20 степени целзиусови, можат да се променат во ноќта и да стигнат и до 100 степени под нулата.

Роверот Журонг се наоѓа на 240 милиони километри оддалеченост од нашата планета и на површината на Марс е веќе 347 маросвски денови. Досега има поминато 1921 метар. Како што пренесе Кинеското радио „Интернационал“, досега собрани се 940 GB необработени податоци.

Сондата од првата кинеска мисија на Марс „Тијенвен-1“, е во орбитата 656 дена.

Scroll to Top