(Видео) Најследената Хрватка на „Тик ток“ плачеше поради забраната во Америка: „Губам пријатели“

Мирта Милер, најследената Хрватка на „Тик ток“ со повеќе од 18 милиони следбеници, проговори за забраната на платформата во Америка. Оваа одлука ја растажи и се расплака на видеото.

@mimiermakeup

fyi: I’m in Europe and I’m staying 🧚🏻 love you American besties and see you soon! For the rest of us, in the clurb we all fam

♬ original sound – Mirta Miler

„Мразам да плачам на интернет. Луѓето кои ме познаваат знаат дека никогаш не плачам. Но, за мене, оваа забрана за „Тик ток“ во Америка значи дека губам пријатели. Навистина никогаш не сум ги гледала луѓето кои ме следат како само следбеници, не ги гледам како бројки, туку како заедница“.

„Јас, како некој од Хрватска, мала земја, добив можност да разговарам со сите вас во Америка и да ги создадам сите овие спомени. Ме видовте како пораснав, видовте многу од мојот живот. Нема да ти кажам каде да ме следите, навистина не ми е гајле за бројки, се грижам за тебе како личност и сега ќе те изгубам. Ќе ја изгубам нашата врска и тоа е многу болно за мене“, рече таа во видеото објавено на „Тик ток“.

Таа на своите следбеници од целиот свет им кажа дека ги сака, но дека има многу пријатели од Америка на „Тик ток“.

„Тука првпат станав вирална. Навистина сакам да ви се заблагодарам од се срце, тоа многу ми значи“, рече таа.

Scroll to Top