(Видео) НАСА испрати холограм на доктор до Меѓународната вселенска станица

НАСА испрати холограм од лекар до Меѓународната вселенска станица (ISS). Со технологијата за холопортација на Мајкрософт, која им овозможува на корисниците да комуницираат со 3Д слики на учесници од далечна локација, вселенската агенција успеа да го телепортира хирургот Јозеф Шмид на ISS во октомври минатата година.

„Ова е нов начин на човечка комуникација на долги растојанија, за нови истражувачки можности со кои нашиот идентитет може да патува надвор од планетата“, рече Шмид.

За разлика од традиционалните холографски проекции кои изгледаат како да лебдат во воздухот, за време на холопортацијата, се користи VR опрема со HoloLens технологија за да може корисникот да перцепира и да комуницира во реално време со лицето кое се наоѓа на оддалечена локација.

Во овој случај, астронаутот на Европската вселенска агенција (ESA) Томас Пескет, кој носел VR опрема на ISS, можел директно да комуницира со Шмид и членовите на неговиот медицински тим, пишува Science Alert.

Иако Мајкрософт развива технологија за холопортација веќе неколку години, таа никогаш порано не била користена за нешто толку амбициозно како поврзувањето на медицински експерти со астронаутите во вселената.

Следното во еволуцијата на технологијата е да се овозможи целосно двонасочна холопортациска интеракција.

За време на овој експеримент, Песке бил единствениот што носел VR опрема што му овозможило да ги перцепира другите учесници како дигитални 3D холограми бидејќи Шмид и неговите колеги не носеле такви уреди. Но, доколку сите учесници ја користат оваа опрема во иднина, може да се постигне неверојатно поучна и ефективна комуникација.

Scroll to Top