НАСА ја тестира новата програма „Дарт“ со која се планира да се промени правецот на астероидите кои претставуваат закана по Земјата. Во наредниот период ќе испратат летало кое треба да се удри во астероидот Диморфос и да го промени неговиот правец.
Од таму велат дека астероидот не претставува закана за Земјата, ниту, пак, по сударот со ракетата ќе го промени правецот кон планетава. Ударот е планиран да се случи во 23:14 часот во понеделник.
Ударот ќе го снимат од телескопите, меѓу кои и новиот во супер вселенската опсерваторија „Џејмс Веб“. НАСА планира да изведе нешто слично како во филмовите на Холивуд, само без храбрите астронаути и нуклеарното оружје.
Идејата е да го скршат каменот или да ја променат неговата брзина и траекторија на движење, под услов тоа да се случи доволно далеку од Земјата за да нема никакви последици по неа.
За оваа мисија одбран е астероидот Диморпхос, кој е широк 160 метри и се движи со брзина од 20.000 километри на час. Од НАСА велат дека ваков удар би требало да ја промени орбитата и на многу поголем астероид, како што е Дидимос.
„’Дарт’ е првата мисија која ќе покаже како вселенските летала може да влезат во астероидот и да ја променат неговата позиција“, објасни доктор Ненси Чабот од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“, кој ја води мисијата за НАСА.
„Ова е нешто што би требало да се направи години однапред за да малку се промени патеката на астероидот да не удри во Земјата“, рече тој за „Би-би-си њуз“.
Да се погоди Диморфос ќе биде вистински предизвик. Дури во последните 50 минути „Дарт“ ќе може да ја разликува метата од Дидимос, кој е широк 780 метри. Навигациониот софтвер ќе мора да го прилагоди патувањето на вселенското летало за да направи директен погодок.
„Поради брзината на светлината и далечината, не е изводливо пилот да седи на Земјата со стап со кој ќе го контролира леталото. Едноставно нема доволно време да се одговори“, рече доктор Том Статлер, научник од програмата „Дарт“ во НАСА.
„Моравме да развиеме софтвер кој ќе може да ги толкува сликите кои ги прави вселенското летало, да разбере што е вистинската мета и да изврши маневри со корекција на курсот со испалување на питтисок. „Дарт“ ќе ги врати фотографиите на Земјата со брзина од една секунда, додека се движи кон својот длабок удар“, додаде тој.
Она што на почетокот ќе се појави како светлосна точка на сликите, брзо ќе порасне и ќе го исполни целото видно поле, пред напојувањето изненадувачки се прекине, затоа што вселенското летало е уништено. За среќа тука не е крајот на приказната. „Дарт“ со себе ќе носи и италијански сателит од 14 килограми, кој е пуштен пред неколку дена. Неговата работа ќе биде да забележува што се случува кога „Дарт“ ќе го ископа кратерот. Неговите фотографии, кои ќе бидат снимени од 50 километри, ќе бидат емитувани на Земјата во наредните денови.
„LiciaCube ќе помине околу три минути по ударот на „Дарт“. Ова време е одбрано за се овозможи целосно развивање на отфрлачкиот столб, бидејќи еден од главните придонеси на LiciaCube е документирање на столбот за поддршка на мерењето на параметрите кои го потврдуваат отклонувањето на орбитата“, рече Симоне Пирота од Италијанската вселенска агенција (АСИ).