Руска компанија за роботи создаде хуманоиден робот наречен келнерката Дуњаша. Овој робот е прототип на убавата Дајана, модел кој своето искуство го раскажала за рускиот Ruptly.
Кога првпат го видов роботот се исплашив. Како да видов флеш и се прашував дали тоа навистина сум јас“, рече Дајана.
Дуњаша ги послужува гостите во рамките на истоименото „Киберкафе“, а може да послужи 60 порции сладолед во рок од еден час. Освен тоа, таа е во состојба да прима нарачки, да комуницира со луѓето и да одговара на прашања.
Киберкафе Дуњаша се состои од платформа на која е инсталиран хуманоиден робот благајник. Овој женски робот во иднина ќе работи на аеродром каде се очекува да биде голема атракција.