„Вордкрафт“ алатка на „Гугл“, која сама пишува текстови

„Вордкрафт“ е уредувач на текст, дизајниран да ги инспирира писателите во потрага по нови приказни. Експертите велат дека се уште не е на пат да им се краде работа на оние кои заработуваат од нивните текстови.

„Вордкрафт“ е создаден од Гугл и е алатка за пишување која помага да се креираат нови приказни. Алатките како оваа не се ништо ново, бидејќи Grammarly и Jasper постојат веќе некое време.

Но, новиот „Вордкрафт“ е различен по тоа што е изграден да измисли фикција, да помогне во создавањето измислени наративи. Додека другите системи се фокусираат на граматичката исправност на текстот, новата алатка на Гугл може да се насочи да го промени значењето на речениците или да ги направи подуховити.

„Вордкрафт“ се уште е во експериментална фаза, но заинтересираните сè уште можат да ги читаат приказните што ги има напишано.

Scroll to Top