Вработените изгубија верба во Марк Цукенберг, никој не верува во неговите визии за „Фејсбук“

И покрај добрите резултати кои компанијата на Марк Цукенберг „Мета“ ги имаше во последниот период, истата сега се соочува со внатрешни проблеми. Најголем од проблемите е се чини е извршниот директор Цукенберг. На крајот на април, компанијата изгледаше како да ги надмина најлошите моменти.

Вредноста на акциите драстично падна од 378 на само 90 долари во последните две години, а Цукенберг испадна од топ 10 листата на најбогати луѓе во светот. Иако се чинеше дека сопственикот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ се соочува со катастрофа, вредноста на акциите повторно порасна благодарение на добрата заработка и сега се движи околу 240 долари, највисока во претходната година.

Но, во извештајот објавен од „Вашингтон пост“ се вели дека работите не стојат така одлично и во истиот е наведено дека компанијата се соочува со огромни предизвици, а најголем проблем е незадоволството на вработените од Цукенберг, но и од неговата визија за метаверзумот.

Причината за голем дел од незадоволството на работниците се отпуштањата. Компанијата веќе отпушти огромен број вработени, а се очекува намалувањето на работната сила да продолжи. Како што пишува „Вашингтон пост“, постои можност за намалување на бонусите и другите поволности за работниците, што само ќе предизвика дополнителни проблеми во компанијата.

„Вашингтон пост“ цитираше еден од работниците во компанијата кој ги опиша отпуштањата како предавство. Иако Цукерберг се обиде да го подигне моралот на неодамнешниот состанок со вработените, нарекувајќи го Мета „многу посебно место“, се чини дека работниците изгубиле доверба во неговата визија и во насоката што ја води компанијата.

Работниците кои зборуваа анонимно за „Вашинтон пост“, исто така, не се задоволни од бавното движење на компанијата во услови на променливи трендови во индустријата. „Тик ток“ продолжува да краде дел од колачот со реклами, како и вниманието на корисниците и покрај тоа што „Инстаграм“ и „Фејсбук“ го лансираа Reels, додека речиси секоја технолошка компанија, од социјалните мрежи до гигантите како Google и Microsoft, се посилно притиска кон вештачката интелигенција.

Во меѓувреме, повеќето облози на Цукерберг, како што се очилата Meta Quest и метаверзун, како и „Портал“ уредите за видео повици, пропаднаа. Уредите Meta Quest не беа профитабилни за компанијата, со оперативни трошоци од 13,7 милијарди долари минатата година, а наскоро ќе се соочат со силна конкуренција од Apple, кој наводно треба да ги лансира своите очила за време на настанот WWDC во јуни.

Scroll to Top