10 најбогати актери во светот: Меѓу нив и големи имиња од Холивуд и Боливуд

На врвот на листата е легендарниот Арнолд Шварценегер, со проценето богатство од 1,49 милијарди долари. Иако не се појавил на филмското платно од 2019 година, неговото богатство продолжи да расте благодарение на паметните инвестиции, особено во недвижнини и инвестициски фондови.

Неговата долгогодишна кариера, со култната улога во серијата „Терминатор“, му донесе голема слава и значителна заработка. Шварценегер е пример дека успехот во Холивуд може да продолжи и по последната филмска улога, ако се вложи во вистинските бизнис потфати.

На второто место е Двејн Џонсон со богатство од 1,19 милијарди долари. Неговите приходи не доаѓаат само од глума, туку и од успешни инвестиции, особено во брендот „Teremana Tequila“, каде што поседува 30% од акциите. Во 2024 година, тој заработи 88 милиони долари од улогите во филмовите „Red One“ и „Moana 2“.

На третото место е акцискиот ѕвезда Том Круз со 891 милион долари. Круз од почетокот на кариерата осигурал процент од заработката на своите филмови, што му донесе голема сума, особено преку франшизите „Mission: Impossible“ и „Top Gun“. За разлика од другите актери, тој најголем дел од богатството го заработил исклучиво преку глума. Покрај тоа, поседува импресивно портфолио на недвижнини ширум Северна Америка.

Меѓу најбогатите 10 актери се уште и:

Шах Рук Кан – 876,5 милиони долари

Џорџ Клуни – 742,8 милиони долари

Роберт де Ниро – 735,35 милиони долари

Бред Пит – 594,23 милиони долари

Џек Николсон – 590 милиони долари

Том Хенкс – 571,94 милиони долари

Џеки Чен – 557,09 милиони долари

Во Холивуд, славата може брзо да помине, но богатството што се гради со мудри одлуки и години на работа останува како траен успех.

Scroll to Top