(Галерија) Клаудија Шифер направи изложба со фотографии на топ-моделите од 90-тите

Топ-моделот Клаудија Шифер организира изложба со модни фотографии од 90-тите години, од времето кога со Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Наоми Кембел, Кејт Мос и Кристи Тарлингтон беа најплатените и најбарани манекенки во светот. На изложбата што се одржува во Диселдорф се прикажани над 150 ретро фотографии од нејзината кариера.

„Ова е моето лично патување низ модната сцена во 90-тите.

Фотографиите ги избра Шифер, а изложбата го прикажува влијанието на модата во развојот на уметничката фотографија и личностите што ги фотографираа топ-моделите во деведесеттите: Ричард Аведон, Јуерген Телер, Елен фон Унверт, Мишел Конте и други.

„Фотографиите се од мојата лична архива, полароиди и професионални направени во текот на годините. Тоа се сеќавања на луѓе и пријатели што и по триесет години се дел од мојот живот“, рече Шифер за „Вог Италија“.

 

Scroll to Top