На тик-ток се споделуваат видеа на кои Жерар Пике и неговата девојка Клара Чиа си одат од пред луксузен ресторан во Лос Анџелес, бидејќи сопственикот не ги пуштил да вечераат таму, зашто бил голем обожавател на Шакира.
„Клара Чиа и Пике сакаа да вечераат во познат ресторан во Лос Анџелес во сопственост на огромен обожавател на Шакира. Тој лично ги избрка“, пишува на видеото на кое се гледа како парот се врти надвор од ресторанот, а потоа влегуваат во колата и заминуваат.
„Ресторанот е негов, може да исфрли кого сака“, „Сопственикот на ресторанот и е поверен на Шакира отколку што тоа некогаш бил Пике“, „Еве што се случува кога јадеш џем од јагоди“, „Клара го доби тоа што го заслужи“, „Требаше да ги пушти внатре и цело време да ја пушта новата песна на Шакира“, се дел од коментарите на видеото.
Пике неодамна на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со новата девојка која предизвика бројни негативни коментари бидејќи фудбалерот ја изневерил пејачката со неа. На социјалните мрежи имаше коментари дека Шакира ја открила аферата на Пике поради празна тегла џем од јагоди.
Шакира и Пике беа во врска 12 години и имаат два сина, Саша и Милан.
@sab4zo♬ Oh No – Kreepa