Познатиот магазин „Maксим“ ја прогласи актерката Марго Роби за најубава жена во 2022 година. Австралиското издание на магазинот ја објави својата годишна листа на жешките 100 за годинава на која се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. На врвот на нивната листа се најде 32-годишната актерка Марго Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека пред прикажувањето на најновиот филм Вавилон.
Ова е рекорден трет пат Роби да го достигне врвот на жешките 100. На второто место се најде фудбалерката Сем Кер, а на третото место на листата на Максим се најде австралиската тенисерка Еш Барти.
Роби неодамна стана најплатената актерка во Холивуд оваа година благодарение на хонорарот за филмот Барби во режија на Грета Гервиг. Според Варајти, австралиската актерка добила 12,5 милиони долари за да глуми покрај Рајан Гослинг како Кен во овој долгоочекуван филм базиран на истоимената иконска кукла.
Главниот уредник на Максим, Санти Пинтадо, рече дека списокот за 2022 година „продолжува да ги слави извонредните жени кои влијаеле, импресионирале или направиле подвиг оваа година со нивната способност, интелект, хумор, наслови, шега и севкупен мегаталент“.