(Видео) Тејлор Свифт ја објави љубовната приказна за Валентајн

Американската ѕвезда Тејлор Свифт заврши со повторно снимање на својот втор албум Fearless и премиерно ја објави преработката на нејзината Love story (Љубовна приказна) пред Денот на вљубените.

Триесет и едногодишната пејачка откри дека започнува со издавање нова верзија на првите плочи, откако за милионска сума „Итака холдингс“ на Скутер Браун ги откупи демо-верзиите од нејзиниот последен каталог. Таа го преработи нејзиниот албум „Тејлор Свифт делукс издание“ од 2008 година.

 

Тејлор со објава на “Твитер“ го најави новиот албум и во него напиша „Воодушевена сум што можам да ја споделам веста дека мојата нова верзија на Fearless, верзијата на Тејлор, е готова и ќе биде наскоро со вас“.

„Има 26 песни, вклучително и шест досега необјавени песни“, напиша таа, додавајќи дека „Љубовна приказна (Тејлоровата верзија)“ ќе излезе денес, на 11 февруари, пред празникот за љубовта, Св.Валентајн.

Албумот Fearless (Бестрашен) кога првпат излезе направи пресвртот во кариерата на Свифт, од кантри во поп музика, и се карактеризира како најнаградуваниот албум во историјата на кантри-музиката.

Scroll to Top