Легендарната шведска група АББА ќе го издаде првиот албум по 40 години пауза. Тие најавија дека ABBA Voyage ќе има десет нови песни и ќе излезе во ноември. Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад ќе одржат и неколку поинакви концерти, односно нивните виртуелни верзии ќе ги изведуваат најголемите хитови на шведската група.
Виртуелните концерти ќе почнат в година, шест пати во неделата, а ќе се изведуваат во специјално изградена сала во Лондон. Дигиталните верзии на членовите на групата ќе бидат придружувани од бенд во живо.
Иако со години се пишуваше дека квартетот, кој се распадна во 1982 година, ќе се реобедини и ќе сними нови песни, АББА ниеднаш не ја потврди, нити ја демантира веста. Сега ја изненадија јавноста кога објавија дека повторно се собрале во студио за да снимат музика за театарска претстава.
„Во почетокот беа само две песни, а потоа си рековме дека можеби можеме да направиме уште неколку“, изјави Бени Андерсон.
Две од десетте нови песни се веќе пуштени во јавноста и имаат милионски прегледи.