АББА ќе издаде пет нови песни в година

Шведскиот поп-бенд АББА ќе издаде пет нови песни во 2021 година. Ова го изјави Бјорн Улвеус, еден од членовите на групата, за британската радиоемисија на Џеф Лојд.

Според него, композициите се веќе снимени и требало да бидат објавени на крајот на 2019 година, но тоа не се случило поради пандемијата на коронавирусот.

Последниот студиски албум на АББА беше објавен во 1982 година, а необјавени песни потоа беа претставувани во 1993 и 1994 година.

Четиричлениот состав е основан 1972 година од страна на Агнета Фелтског, Ани-Фрид Лингстад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон. За 10 години, групата објави осум албуми. Филмот „Мама миа!” во два дела, со приказни засновани на песните на АББА, го проследиле над 60 милиони луѓе од целиот свет.

 

Scroll to Top