Адел, по шест години, ќе објави нов албум

By

Пејачката Адел, по шест години, ќе објави нов албум, открива нејзин близок пријател. Тој вели дека Адел ќе го објави албумот на 19 октомрви и дека ќе го носи името триесет, бројка што ја означува третата деценија од нејзиниот живот.

dobivaj vesti na viber

Бројот 30 веќе се нашол на неколку банери во Лондон, Дубаи, Париз, Даблин и во други светски метрополи, а голем број фанови веруваат дека Адел на овој начин сака да го најави нејзиниот четврти албум.

Последните три албуми таа ги нарече по бројот на нејзините години во моментот кога ги објави. Во 2008 година Адел го објави својот прв албум под името „19“, во 2011 година албумот го нарече „21“, а четири години подоцна „25“.

Пејачката синоќа објави и видео од својата најнова песна што треба да излезе на 15 октомври, а фановите ѝ коментираа дека со нетрпение го чекаат нејзиното враќање на сцената.

Некои од медиумите шпекулираат дека поради неа, пејачката Тејлор Сфит го поместила датумот на објавување на својот албум, од 19 за 12 ноември.

Ќе ви се допадне