Ако некогаш во својата работа летав, тоа е благодарение на тебе Николета ѝ рече Роберто Бенини на сопругата откако доби „Златен лав“ за животно дело

На актуелниот филмски фестивал во Венеција, италијанскиот режисер Роберто Бенини ја доби наградата за Животно дело. Честа да му ја врачи ѝ припадна на режисерката Џејн Кампион.

„Во овие тешки времиња за режисерите, за луѓето ширум светот и овде во Италија, потребен ни е Роберто Бенини. Тој е гениј на комедијата со срце и искреност кое отелотворува радост. Неговата сопруга Николета Браски е неговиот водич, уметничка половина, неговата слободна мисла и слободен ум, негово длабоко поетско воодушевување и негово чудо. И овој „Златен лав“ ќе биде нивно заедничко милениче“, најави Џејн, која инаку е долгогодишен сорабонтик на Бенини и пријател на неговото семејство.

Појавувајќи се на сцената, Бенини упати благодарност и говор кој е одраз на вистинска љубов,

„Во овој момент сакам моите мисли да ги посветам на Николета Браски, која е овде пристуна. Се’ правиме заедно веќе 40 години. Јас знам само за еден начин на мерење на времето: со тебе или без тебе. Ќе го поделиме овој крилјат лав, јас ќе ја земам опашката, да ти ја покажам својата радост така што ќе мавтам со неа, а ти земи го другото. Земи ги крилјата, крилјата се твои, бидејќи ако некогаш во својата работа летав, тоа е благодарение на тебе, твојот талент, тојата мистерија, твојот шарм, убавина, женственост, фактот дека си жена.

Да се биде жена е мистерија која ние мажите не ја разбираме. Гручо Маркс беше во право кога рече „Мажите се жени кои не успеале тоа да бидат“. И тоа е вистина. Не успеав да бидам како тебе Николета. Ако во мојот живот направив нешто убаво или добро, то  тоа секогаш беше преку твојата светлина. Нашата љубов беше на прв поглед. Всушност, на вечен поглед“.

Инаку, двојката се запознава на снимање на филм, тој ја има главната улога, а таа му е партнерка. И од таа прва средба, двајца потоа стануваат неразделни.

Таа глуми во речиси сите негови филмови и секогаш е присутна, како негова муза – животна и уметничка.

Scroll to Top