Хонорарите на актерите на „Игра на тронови“ годинава достигнаа рекордни суми. Спроти финалето на сагата, најголемите ѕвезди добиваат 500.000 долари по епизода.
А најголемите ѕвезди се тројцата во битката за тронот – Емилија Кларк (Денерис), Кит Харингтон (Џон Сноу) и Лина Хедл (Серсеи Ланистер).
Порталот „Варајати“ пишува дека ова се највисоко платените актери од суперуспешниот проект на „HBO“, истакнувајќи дека нема разлика меѓу платите на мажите и жените.
Последната епизода од седмата сезона на фантастичната драма ќе се емитува в недела на „HBO“ , а во понеделник и кај нас.