Актерката Џенифер Кулиџ лажела дека има сестра близначка за да биде со двајца дечковци во исто време

Американската глумица Џенифер Кулиџ (59) во шоуто на Кели Кларксон призна дека кога била помлада, лажела дека има сестра близначка за да може да се гледа со двајца дечковци во исто време. Таа раскажала дека момците ги запознала на Хаваите, но дека не можела да се одлучи за еден, па тогаш измислила дека има еднојајчена близначка за да може да излегува со двајцата.

„Не сум сигурна дали би го направила тоа сега, но тогаш тоа беше прекрасна одлука“, рекла актерката и кажала дека излегувала две недели со двајцата мажи истовремено.

„Може да ти се прогледа низ прсти кога си помлад“, додала таа.

Кулиџ се прослави со филмот „Американска пита“ со улогата на мајката на Стифлер, а глумеше и во хит-комедијата Two Broke Girls.

Scroll to Top