На разни локации во Загреб се одвива главното снимање на акциониот трилер Canary Black со Кејт Бекинсејл во главната улога.
За дистрибуцијата е задолжена компанијата „Блиц“, која ексклузивно ја објави првата фотографија од снимањето во Загреб.
Бекинсејл веќе ѝ е позната на кинопубликата по нејзините акциони улоги во филмовите Underworld: Blood Wars и Jolt, а сега во овој филм таа го игра агентот на ЦИА, Ејвери Грејвс. Во главната улога ѝ се придружува нејзиниот колега Руперт Френд, познат на публиката од успешната серија Anatomy of a Scandal и „Оби-Ван Кеноби“.
Највисоката соработничка на ЦИА, Ејвори Грејвс, е уценета од терористите да ја предаде сопствената земја и да го спаси нејзиниот киднапиран сопруг. Отсечена од целиот нејзин тим, Ејвори се свртува кон нејзините подземни контакти за да преживее и што побргу да го најде она што го сакаат киднаперите. Изневерена на секој чекор, таа мора да се потпре на својата супериорна обука и усовршени борбени вештини во смртоносна трка што може да предизвика глобална криза.
Режисер на филмот е Пјер Морел, францускиот режисер кој стои зад кинохитовите 96 Hours и Peppermint, а Метју Кенеди е заслужен за сценариото.