Актерката Тори Спелинг е снимена како ужива на плажа во бикини, фановите останаа шокирани од тоа колку ослабела

Актерката Тори Спелинг е фотографирана како ужива на плажа во Лос Анџелес.

51-годишната ѕвезда од серијата Беверли Хилс 90210 осамна во ситно зелено бикини, а обожавателите беа изненадени од тоа колку килограми изгубила.

Актерката со години се бори со вишокот килограми, а во својот подкаст призна дека користела лек за дијабетес кој многу познати личности го земаат за да ослабат.

Медиумите потсетуваат дека актерката годинава се разведе од сопругот Дин Мекдермот, а минатата година беше снимена како живее со своите пет деца во мотели и кампер поради финансиските проблеми со кои се соочуваше.

Scroll to Top