Актерот Бил Мареј е обвинет за несоодветно однесување на сетот на „Being Mortal“ и снимањето е прекинато. Уште не е откриено името на лицето кое ја поднело тужбата, ниту е наведено што точно направил 71-годишниот Мареј, пренесува „Deadline“.
„Одлучено е дека процесот на снимање мора да биде запрен. Благодарни сме на сите вас кои учествувавте во овој проект“, напишаа шефовите на филмското студио „Searchlight Pictures’ во писмото до актерите и до остатокот од тимот.
Режисер на „Being Mortal“ е комичарот Азиз Ансари. Во филмот требаше да глумат и Сет Роген и Кеке Палмер. Засега не се знае кога ќе продолжи снимањето на филмот.
Мареј е еден од најомилените американски актери, но ѕвездата има долга историја на создавање непријатели на сетовите на неговите телевизиски и филмски проекти.
Во 2000 година, Мареј славно се замерисо колешката Луси Лиу за време на снимањето на „Чарлиевите ангели“, при што Лиу тврдеше дека Мареј ѝ упатил „неоправдани и неприфатливи“ коментари на снимањето.