Глумецот Дени Мастерсон (44) познат по неговата улога на Стивен Хајд од серијата „Луди семдесети“ е обвинет за силување на три жени, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесува „Си-ен-ен“, делото наводно е извршено во периодот меѓу 2001 и 2003 година.
Мастерсон бил уапсен во средата, но набрзо потоа бил пуштен со кауција од 3,3 милиони долари.
„Мастерсон е невин, убедени сме во тоа дека ќе биде ослободен, кога сите докази конечно ќе излезат на видела и кога сведоците ќе имаат можност да сведочат“, порача неговиот адвокат Том Месери.
Тој додал дека неговиот клиент и сопруга се во шок по ваквите обвинувања.
„Сепак и покрај ваквите неосновани обвиненија и шокирачки информации, моите клиенти се утешени знаејќи дека конечно вистината ќе може да излезе на виделина. Луѓето кои го познаваат Мастерсон, го знаат неговиот карактер и знаат дека сите обвинувања се лажни“, вели адвокатот.
Глумецот е обвинет за силување на 23 годишна девојка во 2001 година, а потоа наводно силувал и 28 годишна жена во април 2003 година и 23 годишна жена во ноември истата година. Сите наводни злосторства се случиле во неговиот дом во „Холивуд Хилс“.
Судењето е закажано за 18 јули, а ако се докаже неговата вина, Матерсон би можел да добие 45 годишна затворска казна. Не е исклучена ниту доживотна затворска казна.