Актерот Гај Пирс, појавувајќи се во подкастот на Awards Chatter, го сподели своето емотивно искуство од снимањето на филмот „Л.А. Доверливо“ и конкретно соработката со колегата Кевин Спејси, тврдејќи дека „го таргетирал“, односно му се наметнувал и го прогонувал.
Тој рече дека на почетокот го игнорирал однесувањето на Спејси, велејќи си – не е тоа ништо.
„Го правев тоа околу пет месеци, бев некако исплашен, бидејќи Кевин е прилично агресивен човек. Тој е исклучително шармантен и брилијантен во она што го работи, но јас бев млад и подложен на влијание, и тој ме таргетираше, без сомнение“, изјави актерот.
Пирс потоа се присетил како тогаш и рекол на својата сопруга дека е опуштен само кога е на сет и актерот Сајмон Бејкер.
„Тогаш бев отфрлен како жежок компир, а Кевин се фокусираше на Сајмон бидејќи е десет пати позгоден од мене“, додаде актерот.
Спејси со години се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување, а токму тоа му помогна на Пирс да разбере што се случувало две децении подоцна.
„Бев во Лондон и работев на проект кога ја слушнав веста и ме скрши, плачев, не можев да престанам“, се сеќава тој.
„Иако до одреден степен бев жртва, сигурно не сум на нивото на луѓе кои имале искуства со сексуални предатори. Сега се обидувам да бидам искрен и да ги нарекувам работите со нивното вистинско име“, додаде Пирс.
Уште во 2018 година, актерот во една емисија кажа дека Спејси бил „премногу слободен со рацете“, што доведе до изјава во која појасни: „Иако не бев сексуално нападнат, се чувствував непријатно“.