Актерот Хенри Кавил повеќе нема да го глуми Супермен

Британскиот актер Хенри Кавил најави дека повеќе нема да го глуми Супермен, улога која ја играше во последните години во филмовите „Човек од челик“, „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ и „Лига на правдата“.

По состанокот со шефовите на студиото на DC, Џејмс Ган и Питер Сафран, Кавил информираше на својот Инстаграм профил.

„Откако студиото ми кажа да го објавам моето враќање во октомври, оваа вест не е најлесната, но тоа е животот. Промената на ставовите е нешто што се случува. Јас го почитувам тоа. Џејмс и Питер имаат универзум да изградат, а јас им посакувам среќа на сите вклучени“, напиша актерот.

Кавил изјавил дека му поминал редот да го носи костимот на суперхеројот, но дека „Супермен останува, а исто така и она за што се залага“.

Ган на Твитер објави дека ќе работи на сценарио за нов филм за помладите години на Супермен, додавајќи дека како обожаватели на Кавил, разговарале со него за многу возбудливи можности за идни соработки.

Scroll to Top