Холивудскиот глумец Алек Болдвин, предизвика гнев кај фановите по неговата изјава дека не сака да го слави BlackOutTusday, националниот Ден за борбата за правата на Афроамериканците, затоа што му бил без врска.
Тие го нападнаа затоа што на тој ден, глумецот го промовирал подкастот Here’s the Thing, за новата книга на Вуди Ален. Многу негови пријатели негодувале, затоа што сметаат дека Ален не требало да го промовира Ален, кој е обвинет за сексуално вознемирување на посвоената ќерка Дилан Фароу.
„Останав без текст. Дали си ти сериозен? Отсекогаш сум го сакала твојот профил, но ова што го објави е ужасна работа“, му напишале некои од фановите во коментарите.
Болдвин одговорил на критиките и објаснил дека интервјуто морал да го објави, затоа што му било однапред договорено.
„Што се однесува до недостатокот на чувствителноста за BlackOutTuesday, немам поим за тоа. Тоа ми е како национален ден за било што“, напишал Алек, по што предизвкал уште поголем гнев кај неговите фанови.
Некои од нив му порачаа дека тоа е навредливо и дека треба да се приземји и да не лета високо во облаци. Една негова пријателка му порача дека важно е да се слушне нивниот глас и дека повеќе нема да го следи на социјалните мрежи.
За потсетување, во Америка веќе трет ден траат протестите, откако полицаецот во Минеаполис Дерек Шавен, со колено го угуши Афроамериканецот Џорџ Флојд. Тој е обвинет за убиство од трет степен, затоа што цели осум минути го гушел Флојд. За ваквото дело во земјата е предвидена казна затвор до 25 години.
Овој злостор го осудија сите и повикаа да се престане со расистички пораки и мислења.