Алекс Аспасија се здебели 90 килограми: Луѓето ми велат дека сум како кит, но барем сум природна

Алекс Аспасија се здебели 90 килограми, а сега откри дека го сака своето тело, и покрај тоа што е брутално исмејувана на социјалните мрежи.

Таа е позната по својот став за прифаќање на телото и ја обожава својата фигура и покрај острите критики.

Таа ја припишува својата „трансформација“ на менталитетот „анти-Оземпиќ“, а нејзината телесна тежина се зголемила од 82 кг на 173 кг за само неколку години, и тврди дека зголемувањето на телесната тежина ѝ дало „повеќе самодоверба“ од кога било досега, пишува Дејли Меил. 

Таа неодамна сподели фотографии од нејзината трансформација на телото „пред“ и „после“ со своите 760.000 следбеници на Инстаграм .

– Чувствувам дека станав најдобрата верзија од себе. Кога имав 82 кг, вршев голем притисок врз себе да одржувам тежина што едноставно не беше природна за мојата висока фигура, чувствував како да морам да живеам во режим на преживување, откри таа.

Аспазија објасни дека „иако луѓето постојано велеа дека изгледа неверојатно“ кога била послаба, вистината е дека не се чувствувала добро.

– Изгледаше добро однадвор, но не се чувствував добро одвнатре, а таа празнина на крајот беше невозможно да се игнорира –  додаде таа.

Scroll to Top