Топ-моделот и поранешен ангел на Victoria’s Secret, Александра Амбросио (40), е во врска со поранешниот топ-модел, Ричард Ли (57).
Парот е фотографиран додека ужива во вечерна прошетка на летување во Бразил.
Неколку часа пред прошетката тој на „Инстаграм“ ја искажа својата љубов кон Алесандра објавувајќи ја целата песна што ѝ ја посветил.
View this post on Instagram
„Ти, Алесандра, си мојата љубов. Ме проверуваш кога сум на каучот, се гушкаш со мене и кога не сум истуширан, ме разбираш и кога не те разбирам. Ние сме љубов“, напиша тој надополнувајќи се на крајот и на нејзиниот мајчин јазик, португалскиот.
Откако претходно во март годинава потврдија дека се во врска, фотографите често ги наоѓаат како разменуваат нежности во јавност. А само пред неколку дена беа на летување и во Мексико.
Тие заедно го прославија 40. роденден на Алесандра, а на вечерата присуствуваа и нејзините две деца од поранешниот свршеник Џејми Мазур.