Алиша Милано ѝ се извини на Бритни откако ја навреди на „Твитер“’

Откако ја навреди на „Твитер“ глумицата Алиша Милано ѝ се извини на Бритни Спирс. Ѕвездата од серијата „Чари“ прво напиша твит и рече дека некој треба да оди кај неа дома да ја провери дали е добро.

Бритни и врати и рече дека е тажно кога гледа како луѓе кои не ја познаваат пишуваат лоши работи за неа.

„Ова изгледа како облик на малтретирање. Треба да навиваме една за друга, а не да се навредуваме“, рече Бритни кога го сподели твитот на Алиса.

Потоа TMZ пренесе дека Алиса во приватна порака ѝ се извинила на Бритни, објаснувајќи дека само била загрижена за неа. За потсетување, претходно Бритни ја посетија неколку полицајци откако добиле повик од група загрижени фанови.

 

 

Scroll to Top