Холивудскиот актер Џорџ Клуни ги негираше шпекулациите кои се шират во јавноста дека ќе се разведе од неговата сопруга, познатата адвокатка за човекови права Амал Клуни.
Тој во интервју за AARP откри како ја одружва романтиката во врската со Амал и вели дека секој ден ѝ пишувал романтично писмо и го оставал на нејзината маса или под перницата, за таа подоцна да се изненади кога ќе го прочита.
„Многу верувам во писмата. Имам писма од Пол Њуман, Валтер Кронкит, Грегори Пек. Сите ги имам врамени и закачени на ѕид. Ако беа испечатени документи, немаше да ми значат толку. Можеби тоа е работа на нашата генерација и можеби ваквите работи ќе изумрат за 20 години, но мене ми значат многу“, изјавил Клуни.
Актерот вели дека Амал е голем обожавател на рачно напишаните писма и дека заедно почнале да пишуваат писма и за своите деца, тригодишните близнаци Ела и Александар, кои ќе ги прочитаат кога ќе потпораснат.
Тие веруваат дека на нивните деца еден ден ќе им биде драго што ќе имаат нешто за спомен од своите родители. За потсетување, Клуни неодамна ги негираше сите шпекулации дека неговиот брак е пред крај. Тој признал колку животот му се тргнал на подобро откако ја запознал Амал.
„За првпат во животот работите кои ѝ се случуваат на Амал ми станаа поважни од она што ми се случува мене“, изјавил тој.