Љубовниот живот на принцот Чарлс и принцезата Дајана добро им е познат на јавноста, но ретко кој знае дека пред Лејди Ди, срцето му го освоила друга жена.
Оваа занимливост со години била добро скриена. Чарлс пред да почнал да ѝ се додворува на Дајана Спенсер, на една жена веќе ѝ понудил брак и бил одбиен.
Станува збор за девет години помладата Аманда Кнечбул, која други била и негова подалечна роднина, а монархијата ја сметала за совршена кандидатка за брак. Но, Аманда не била заинтересирана за овој брак.
Оваа приказна за љубовниот крах на принцот Чарлс е објавена во документарниот филм „ The Royal House of Windsor“. Во него се наведува дека на оваа врска инсистирал и дедото на Аманда, Лорд Маунтбатен, кој воедно е и правујко на Чарлс.
„ Маунтбатен со години тајно работел на тоа Аманда да ја постави за идна кралица“, објаснува нараторот на документарецот.
View this post on Instagram
Синот на кралицата Елизабета II ја запросил својата далечна роднина во 1977 година за време на празничното патување на Карибите. Но иако делувало дека нивното заедништво е судено, таа рекла НЕ. Упатени извори тврдат дека Аманда и Чарлс навистина биле доста блиски, но нивниот однос бил повеќе како брат и сестра.
Не долго откако овој обид да заплови во брачните води пропаднал, принцот почнал да ѝ се додворува на убавата Лејди Дијана Спенсер со која се оженил во 1981 година.
Аманда, пак, се омажила во 1987 година за новелистот Чарлс Винсент Елингворт, со кој добила три деца.