Амбер Херд призна дека лажела на суд, не ги донирав парите за детската болница затоа што Џони Деп ме тужеше

Актерката Амбер Херд во понеделникот призна дека не ја исплатила донацијата од 3,5 милиони долари на ACLU-u, иако претходно тврдеше дека парите од разводот ги донирала за хуманитарни цели. Рече дека парите не ги донирала, затоа што Деп ја тужел, пренесе Daily Mail.

Херд неколку пати тврдела и додека била под заклетва, како што беше во случајот во кој го тужеше Деп за клеветата во 2020 година во Велика Британија, дека сите пари од спогодбата ги донирала во добротворни цели.

„Вкупно донирав 7 милиони долари. Ги поделив меѓу ACLU-a и Детската болница во Лос Анџелес. Не сакав ништо за мене“, тврдеше тогаш Херд во холандското шоу на RTL Late Night 2018.

Сега, таа пред судот призна дека лажела и дека не го исплатила поголемиот дел од донацијата затоа што Џони Деп ја тужел за 50 милиони долари во март 2019 година.

„Во целост имам намера да ги испочитувам сите свои ветувања. Би сакала да престане да ме тужи за да можам да го направам тоа што го ветив“, рече Херд.

За потсетување, Теренс Доерти, главниот оперативен директор и главниот советник на ACLU, сведочеше претходно и рече дека досега има вкупно донирани 1,3 милиони долари под името на Амбер Херд.

Од тие пари, Херд донирала 350.000 долари во декември 2018 година и од тогаш прекинала со уплатите. Деп платил 100.000 долари, а уште 350.000 долари стигнале од фондот во инвестициската компанија Fidelity.

Уште една уплата од 500.000 долари стигнала на сметка во инвестициската компанија Vanguard, за која Доерти рече дека бил фонд кој го основал Илон Маск. Адвокатката на Херд, Елани Бредехофт ја праша својата клиентка зошто ја прифатила спогодбата од Деп од 7 милиони долари.

„Не би беа важни парите. Ми беше кажано дека ако не се согласам на износот, кој потоа можеше и да се поништи, дека никогаш нема да се спогодиме. Зедов многу помалку пари од она што ми го понудија и на што имав право“, рече Херд.

Таа додаде дека оние кои ги дала во добротворни цели, ги донирала затоа што никогаш не била заинтересирана за парите на Деп.

„Само сакав да бидам сигурна за мојата иднина, а тој ја загрози. Сакав да ме остави на мира. Тоа го зборувам уште од 2016 година“, рече Херд.

Scroll to Top