Амбер Херд призна дека сè уште го сака Џони Деп

Амбер Херд во интервјуто за емисијата Today на NBC-u, која ќе се емитува неделава, призна дека сè уште е заљубена во Џони Деп. Таа рече дека не му замерува за ништо и покрај сите работи кои ѝ се случија во минатото, но и дека мора да биде внимателна за повторно да не ја тужи.

Актерката одговараше на низа прашања на различни теми, вклучувајќи го и она што го чувствува за нејзиниот бивши. Водителката Савана Гури побара да ѝ ја објасни изјавата кога рече дека сè уште го сака Деп и дали тоа е вистина.

„Да. Апсолутно. Го сакам. Го сакав со целото мое срце и се трудев најдобро што можев нашата нарушена врска профункционира. И не успеав во тоа. Воопшто немав никакви лоши чувства кон него, ниту му замерувам за што било. Знам дека тоа е тешко да се разбере, но многумина кои во животот сакале нешто, знаат зошто се чувствувам така“, рече Амбер.

Таа смета дека Деп успеал глобално да ја упропасти, а потоа рече дека чувствува дека би можел повторно да ја тужи ако не биде внимателна.

Во еден момент за време на интервјуто водителката ја праша за парите кои рече дека ќе ги донира во добротворни цели, ветување кое не го исполнила.

Иако Амбер напомена дека не требало да ѝ поверуваат за тоа, таа призна дека тоа би можело да биде главниот фактор во пресудата против неа.

 

Scroll to Top