Американскиот претседател Доналд Трамп првпат признал дека му платил повеќе од 100.000 долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен за да ја замолчи Сторми Даниелс за наводната афера што ја имал со неа.
Ethics chief knocks Trump over Stormy Daniels payment https://t.co/Dxt6HkqELt pic.twitter.com/dQm3BNV6XY
— POLITICO (@politico) 17 May 2018
Ваквата негова изјава предизвика турбуленции во американската јавност. Објавата на ова признание во средата, која е во согласност со етичките правила, ја објасни недоследноста во изјавите што Трамп и неговите соработници ги изнеле во јавноста претходно.
Документот со признанието што го потпишал Трамп, а го објавила американската Канцеларија за владина етика, предизвика и коментари меѓу демократските пратеници и невладините организации за можното кршење на законот за финансирање на предизборните кампањи, а кој бара јавно објавување на трошоците наменети за вршење влијание на изборите.