Американски рапер убиен еден час пред неговиот концерт

Американскиот рапер Тре Да Кид бил пронајден мртов во својот автомобил, само еден час пред неговиот концерт кој требало да го одржи во Анаполис во сојузната држава Мериленд.

32-годишниот рапер бил на пат на настап во еден клуб, кога на него било пукано од огнено оружје. Од повредите Кид починал на лице место.

Според извештајот, полицијата добила повик во вечерните часови, кога било пријавено пукањето. Засега нема уапсени ниту осомничени, а полицијата вели дека истрагата е во тек. За какви било информации кои би можеле да доведат до сторителот на убиството, се нуди награда во износ од 2.000 долари, пишува Capital Gazette.

Кид бил омилен меѓу луѓето во тој крај и голем број од неговите обожаватели бараат улицата на која бил убиен да го носи неговото име.

„Кога се сомневавме во себе, тој ќе нè потсетеше дека треба да веруваме“, изјавил негов пријател и додал дека Кид пред сè бил посветен татко, кој секој ден на својот син му помагал до домашната задача. Многумина од фановите  велат дека Кид можел да ја добие и титулата за татко на годината.

 

Scroll to Top