Глумецот Џеј Пикет, познат од серијата General Hospital, ненадејно починал за време на снимањето на неговиот претстоен филм Treasure Valley. Тој починал на 60 години во Ајдахо, а тажната вест ја потврдила неговата сопруга Елена Пикет.
Од него се простија голем број пријатели и фанови.
„Џеј Пикет беше нашиот главен човек, писател, продуцент и творец на овој филм. Тој почина одеднаш додека бевме на лице место и се подготвувавме да ја снимиме сцената. Нашите срца се скршени и тагуваме со неговото семејство уништено од оваа шокантна трагедија”, напишал режисерот на Treasure Valle, Тревис Милс.
Засега нема официјално објаснување за причината за неговата смрт, но се чини дека се работи за срцев удар, пренесува „Си-ен-ен“.
„Сите, вели Милс, дадоа се од себе за да го одржат Пикет во живот, но за жал не успеаја“, додал Милс.
Џеј има глумено во бројни филмови, серии и сапуници, а најпознат е по улогите во „Општата болница“, „Денот на нашите животи“ и „Порт Чарлс“. Имаше епизодни улоги во серијата „Декстер“, „Менталист“, „Домаќинки“ и Navy CIS LA.