Американскиот рапер Б.о.Б. собира пари за да докаже дека Земјата е рамна плоча

Американскиот рапер Б.о.Б. почна да собира пари со цел да лансира сателит и со тоа да добие потврда дека Земјата е рамна плоча.

Раперот чие име е Боби Реј Симонс Џуниор е еден од застапниците на теоријата дека Земјата е рамна, јави Би-Би-Си.

Приврзаници на таа теорија тврдат дека НАСА ги чуваат рабовите на светот за да спречат да не паднат луѓе. Б.о.Б. кој си се нарекува и Flat Earth Bob на сајтот GoFundMe сака да собере 200.000 долари.

За неговата цел му недостасуваат уште 199.329 долари, бидејќи до сега успеал да собере само 671 долари.

Scroll to Top