Американскиот суд ја отфрли тужбата на поранешната манекенка Кетрин Мајорж, која го обвини Кристијано Роналдо дека ја силувал во 2009 година, поради незаконски постапки на нејзиниот адвокат. Откако ќе биде одбиена тужбата, таа нема да може да ја обнови.
Судот утврди дека одбраната на Кетрин Мајорж користела украдени документи кои детално ги опишуваат разговорите меѓу Роналдо и неговите адвокати, пренесува АП.
Мајорж го обвини Роналдо дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас.
Адвокатскиот тим на Роналдо не оспорува дека Роналдо се запознал со Мајорга и дека имале сексуални односи во јуни 2009 година, но тврди дека немало силување.