Американскиот водител Лари Кинг (85) доживеал срцев удар, пишуваат американските медиуми. Кинг веднаш бил префрлен во болница поради проблемите со срцето
„Беше дома и се подготвуваше да замине во болница, но доби срцев удар. Итната помош веднаш стигна и го однесе во болница каде беше опериран. Вградени му се неколку стентови“, вели извор близок до Кинг.
Лекарите велат дека неговата здравствена состојба засега е стабилна и дека за неколку дена ќе биде пуштен дома. Лари Кинг зад себе има кариера долга 62 години. За тоа време Кинг направил повеќе од 50.000 интервјуа.
Некогаш водителот беше заштитно лице на американската телевизија „Си-Ен-Ен“, а својата кариера од 2013 година ја продолжи во руската кабловска мрежа „Раша тудеј“.