Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ заедно со нејзиниот сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и нивните две деца, Лука и Леон престојуваат во Венеција.
Моментот додека семејно уживаат на брод и го разгледуваат градот го уловиле италијанските папараци.
Оваа позната двојка привлекува внимание каде и да се појави, а овој пат се фотографирани како уживаат во семејното патување и го посетуваат еден од најубавите градови во светот.
За потсетување, поранешната тенисерка за медиумите изјави дека нејзините синови зборуваат четири јазици, а меѓу нив е и српскиот.
“Германски, српски, англиски и шпански. Кога играат заедно, понекогаш зборуваат на шпански“, изјавила Ана.