Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е номинирана за прием во Куќата на славните на тенисот.
Покрај победникот на Ролан Гарос во 2008 година, номинирани се и Италијанката Флавија Пенета, Шпанецот Карлос Моја, Кара Блек од Зимбабве, како и Индиецот Леандер Паес и Канаѓанецот Даниел Нестор. Пејс е единствениот кој за првпат е номиниран за Куќата на славните.
Ана Ивановиќ ја заврши професионалната кариера во 2016 година, а пред две години беше номинирана за Куќата на славните, но тогаш не беше примена.