Анџелина Џоли и Брет Пит го стопирале разводот

 Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит го стопирале разводот, пренесува магазинот „Ју ес викли“. Според пишувањата на магазинот, наводно парот веќе неколку месеци не презема ништо околу бракоразводната постапка. Анџелина Џоли, која побара развод во септември минатата година, најверојатно, се предомислила околу разводот поради тоа што Бред Пит почнал да го решава својот проблем со алкохолизмот за кој јавно говореше во интервју за магазинот „GQ“.

Парот има шест деца од кои три се посвоени и три биолошки. Во овој период децата беа со Џоли, додека Пит во меѓувреме беше на терапија за откажување од алкохол.

 

Scroll to Top