Анџелина Џоли ги посети болните украински деца во клиника во Рим

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, која е амбасадор на Обединетите нации, пред неколку дена посети клиника во Рим во која се лекуваат болни деца избегани од Украина. Дел од децата се сместени во педијатриската болница Бамбино Гесу, а актерката поминала неколку часа со нив, пренесоа италијанските медиуми.

Според медиумите, Џоли е наводно во Рим затоа што барала локации за нејзиниот следен филм, но времето го искористила и да ги види децата и да им ја даде својата поддршка.

Scroll to Top