Холивудската глумица Анџелина Џоли, по повод Денот на мајката објави емотивна порака за загубата на нејзината мајка Маршелин Бертнар. Таа ја изгубила мајка ѝ во 2007 година, откако познатата американска глумица и хуманитарка, починала од рак на јајниците и дојката.
По повод големиот ден, Џоли се потсети на својата мајка, без која останала уште во раните триесетти години од нејзиниот живот. Нејзиниот емотивен текст го пренесе „Њујорк Тајмс“.
„Кога ќе се потсетам, гледам како нејзината смрт ме промени. Не ми беше изненадување, но силно ме погоди. Да ја изгубиш мајчината љубов и топлина, мека прегратка, е како некој да ти го тргне заштитниот прекривач. Тогаш мајка ми имала 26 години и имаше две мали деца. Татко ми остави длабока сенка на нејзиниот живот и ги избледи нејзините сништа да стане глумица. Но, таа отсекогаш сакаше да биде мајка“, напишала Џоли.
Анџелина неколку дена по смртта на нејзината мајка, со која била многу поврзана, таа ја тетовирала на нејзината десна рака, за да ѝ остане во спомен, а подоцна во повеќе наврати раскажала дека односот меѓу неа и мајка ѝ го рефлектирала и таа врз нејзините деца.
„Животот носи многу пресврти. Загубата на мојата мајка ме болеше многу повеќе отколку што можам да замислам. На овој Ден на мајката, мислам и на сите жени бегалки кои ги имам запознаено, кои живеат раселени и во сиромаштија. Јас си ветив дека ќе направам сè за да ги заштитам моите деца. Ќе го жртвувам и својот живот ако е потребно. Не постои никој кој решава повеќе проблеми од мајката. Таа има само љубов за давање која излегува од нејзината душа. Им оддавам почест на сите мајки кои се чувствуваат беспомошно. Кои го чуваат и последниот дел од силата за нивните деца. Тие се тие кои сè што имаат, им го даваат на нив. А сите вие кои тагувате на Денот на мајката, се надевам дека во сеќавањата ќе пронајдете утеха и сила“, напиша Џоли во емотивната порака.