Холивудската глумица Анџелина Џоли преку децата му се заканила на нејзиниот поранешен партнер Бред Пит, пренесуваат светските медиуми. Токму децата биле причина за новата кавга меѓу двајцата поранешни партнери.
Бред Пит во моментов се забавува со неговата нова девојка и колешка Алаја Шокет, со која се запозна преку неговата ќерка Шилоу. Токму тоа ја изнервирало Анџелина Џоли.
Таа му задала ултиматум на Бред Пит, кој претставува само продолжение од пред десет години, кога Џоли му забранила на својот поранешен партнер да снима љубовни сцени со друга глумица.
Сега, покрај ваквата забрана, таа не сака Бред Пит да ги запознава нејзините деца со неговите идни партнерки.
„Верувајте, Џоли не бира зборови, кога е во прашање Алаја. Најблаго кажано, не ја смета ниту за некаква убавица, дури и зборува дека е грда“, вели изворот.